ЈП Охридски Комуналец ќе продаде два деловни објекти за да го поднови возниот парк стар неколку децении.

На последната седница на градскиот совет, ЈП Охридски Комуналец доби дозвола да отуѓи деловен простор – основни средства, за набавка на нови основни средства.

– Во изминатиот период се случуваа чести дефекти на возилата за собирање комунален отпад кои се стари над 25 години, па така отпад во Охрид се собираше со „тамчиња“ и трактори. Таа слика во иднина ќе ја нема и затоа продаваме основно средство за да купиме основно средство во рамките на дејноста, рече Алче. Според него со новите возила ќе се заштеди затоа што двојно ќе биде намалена потрошувачката на гориво, а  ќе се намалат и трошоците за одржување и ќе се подобрат условите за работа на вработените.

Алче посочи дека деловните објекти кои ќе ги продаде „Комуналец“, јавното претпријатие не ги работи туку ги издава под кирија.

„Охридски Комуналец“ наскоро ќе достави елаборат до советот за набавка на нови возила за одржување на јавната хигиена, најави јавното претпријатие.

Ohridnews