ЈП „Охридски Комуналец“ поставува нов современ  систем за наводнување во градскиот парк. За таа цел неодамна се изврши подготовка на делови од тревнатиот дел каде ќе биде поставена нова инсталација.


нов систем за наводнување на градското зеленило

Новиот систем за наводнување со автоматско вклучување на прскалките ќе биде поставен во дел од градскиот парк на потегот од споменикот на “Св.Кирил и Методиј” до х.”Палас”.

Претходно ваков систем за наводнување беше поставен на зелените површини на кружниот тек на Градскиот плоштад, кај споменикот “Св-Климент Охридски” и во паркот пред рибниот ресторан.

ohridnews