Поевтинија ли навистина погребалните услуги со новиот Закон за гробишта и дали тој ги поедностави процедурите при извршување погреби, е дилема која според охридското јавно комунално претријатие, за жал, се наметнува по немилиот инцидент со смртта на српскиот турист, кој вчера беше погребан во Белград.

По информациите во српските медиуми за потешкотиите на семејството на починатиот турист да ги плати трошоците за транспорт на телото од Охрид до Белград, од Ј.П.„Охридски Комуналец“ објаснуваат дека општината Охрид бесплатно ги средила сите потребни формалности и документи и дека превозот го организирала Амбасадата на Република Србија во Скопје. Таа наводно најпрвин побарала понуда за услугата од македонските погребални претпријатија чија цена била околу 30 отсто повисока во однос на таа на специјализирана фирма од Белград која го изврши транспортот. „Треба да се запрашаме дали со новиот Закон за гробишта погребалните услуги поевтинија или поскапеа и дали држава сега не создава нови монополи во дејноста, што е на штета на граѓаните“, смета директорот на охридското јавно комунално претпријатие, Сашо Алчев.

OhridNews