ЈП „Охридски Комуналец“ за една година ќе ги врати сите долгови, најавува директорот на ова јавно претријатије, Сашо Алчев.

Тој изрази надеж дека дека во иднина нема да биде опструирана работата на претпријатијето, кое, според него, работи успешно и редовно им исплатува плати на вработените.

–    Откако јас сум поставен на чело на јавното претпријатије плата во „Комуналец“ се зема на 1-ви во месецот и не само што редовно се исплатуваат,  туку платите и се зголемени за 10 проценти, рече Алчев.