– Овие пресa- контејнери се статични и претставуваат современ начин на собирање на отпадна хартија, картон, пет амбалажа, пластика, органски отпад и сл., со нивно пресовање, со што се остварува голема заштеда како во капацитетот на традиционалните контејнери за смет, така и во транспортните трошоци. Превозот и празнењето се врши со возило со самоподигач, а покрај другите предности кои ги имаат овие прес контејнери се што се подобруваат хигиенско-санитарните услови, нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот.-информираат од „Комуналец“.
Пресa- контејнерите ќе се постават на две најфреквентни локации во градот: во близина на Градскиот пазар и во населба “Христо Узунов”. Во моментов просторот на овие локации се оспособува и се поставува потребната инсталација за нивно функционирање.