На иницијатива на Советот на месната заедница од с.Куратица јавното претпријатие „Охридски Комуналец“  деновиве на пoвеќе пунктови започна со поставување на десет контејнери за отпад.


Претходно Советот на месната заедница од 26 мај 2007 година реализираше пилот проект за бесплатно подигање на отпадот од селските домаќинства со цел жителите на ова планинско село да стекнат навика за организирано подигнување на отпадот, а воедно и да се подобри  заштита на животната средина. Според месната заедница проектот ги исполнил очекувањата, со што се почитуват и ригорозните одредби од законот за јавна чистота. 


Реализираната иницијатива според месната заедница е пример како може да се соработува во заштита на животната средина.

Ohridnews