Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во среда, 15-ти април, ќе спроведе акција за чистење на реките кои се влеваат во Охридско Езеро, а со тоа претставуваат и негови најголеми загадувачи.     
   
По тој повод јавното комунално претпријатие упати повик до сите еколошки друштва, невладини организации, месни-урбани заедници и сите други заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.

Почетокот на акцијата во среда е во 8.00 часот во кругот на дирекцијата на Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид, каде можат да се добијат подетални информации околу организацијата на акцијата.

Ohridnews