Се трошат последните резерви на нафта со кои располага јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Механизацијата што го чисти снегот има гориво за уште еден ден. Ваквата ситуација настана по блокирањето на сметката на претпријатието заради долговите кон министерството за финансии.
Директорот на претпријатието Боро Павлоски веднаш по блокирањето на сметката укажа дека Комуналец ќе се соочи до проблеми иако, како што рече, вработените ќе се трудат да ја одржуваат максимално хигиената и да не се почувствува блокадата.
Со своја реакција се огасија и од кабинетот на градоначаникот Александар Петрески. „Точно дека е добиен бараниот комерцијален кредит од 5 милиони денари ( согласно Одлуката на Советот) колку што изнесува долгот кон Управата за јавни приходи заради кој е блокирана сметката на ова јавнио претпријатие“, велат од кабинетот на Петрески.
Оттаму, овој потег на централната власт го оценуваат како хир и пресија врз локалната власт во Охрид и очекуваат дека во текот на денешниот ден сметката на ЈП „Охридски Комуналец“ да се одблокира и да може нормално да се одвиваат функциите на претпријатието.
„Што се однесува до настанатата состојба со обезбедувањето нафта за возилата на „Комуналец“ и снежниот амбиент во градот односно чистењето на улиците според оперативната програма за работа во зимски услови, место за паника нема. Сметката на „Комуналец“ треба да се одблокира и да се работи нормално. Доколку државата не го почитува тоа и се поигрува со граѓаните на Охрид, Локалната власт има резервни планови како да се обезбеди нафтата за нормално функционирање на „Комуналец“. Едноставно, место за паника меѓу населението нема“, порачуваат од кабинетот на градоначаникот Александар Петрески.
Неколку пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие во охридско-струшкиот регион Имено, РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид во која се наведува дека со 1 ПП возило и...
Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин во петок, 28 февруари, со почеток во 2000 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“ Во пр...
Охрид оваа пролет ќе биде центар на иновациите и претприемништвото Oд 25 до 27 април 2025 година ќе се одржи Techstars Startup Weekend Ohrid Овој глобален концепт, кој инспирира илјадници претприем...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.