Ј.П.”Охридски Комуналец” им понуди соработка на сите хотели, ресторани и кафе-барови кои се лоцирани на ул.”Кеј Маршал Тито”  заради заедничко изготвување   и уредување на хортикултурни површини пред нивните објекти.

Од јавното препријатие информираат дека  оваа иницијатива ја подржал кафе барот “Објектив”, па поради тоа изминативе неколку дена, на зеленилото, кое што е лоцирано пред овој локал, уредена е хортикултурна  површина, на која има засадено украсни растенија и има поставено други украсни мотиви.


Уредено зеленилото пред кафе барот “Објектив”

-Покрај оваа иницијатива за заедничко уредување на градскиот кеј, екипите на Р.Е.”Паркови и зеленило” деновиве интензивно работат и на изработка на нови украсни површини во Градскиот парк. Сезонското цвеќе со кое ќе се разубават парковите се произведува во новата оранжерија која е потполно автоматизирана и ги дава сите потребни услови за развој на истите. -велат Ј.П.”Охридски Комуналец”

Тие најавуваат дека деновиве ќе започне реконструкција на паркот на градскиот плоштад, пред рибниот ресторан. Оваа акција ќе се реализира со донација на фирмата “Јуитал Ком” од Нови Сад, сопственост на нашиот сограѓанин Никола Новески.

OhridNews