Во рамки на редовните активности кои деновиве добиваат на динамика поради претстојниот Самит на претседатели, екипи на јавното комунално претпријатие од Охрид го дотеруваат изгледот на Охрид. Се чистат улиците, се кастрат гранките од дрвајата, се сече тревата по парковите, а се уредува и крајбрежјето.
Поголеми количини нотпад извадени од Езерото
Деновиве активно се чистеше крајбрежјето на кејот каде од езерото беше извадена поголема количина природен, но и најразличен друг отпад. За една недела се Велигденските празници, па доаѓаат првомајските празници по кои следи Самитот на претседатели на држави од Централна Европа. Судејќи по активностите Охрид ќе се презентира во вистинско светло, како што и му доликува.
Охрид ќе светне за претстојните празници и Самитот на претседатели
ohridnews