Ј.П.”Охридски Комуналец” вчера спроведе акција за чистење на селата Пештани, Трпејца и Љубаништа, во кои во летниот период престојуваат голем број туристи.
Покрај собирањето на отпадот од населбите, се чистеше зелениот појас и плажите. Исто така се изврши метење на улиците, со посебен акцент на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, информираат од јавното комунално претпријатие.
Комуналец го расчистува охридското крајбрежје