Ј.П.”Охридски Комуналец” го продолжи рокот за подмирување на заостанатите долгови.

Сите правни и физички лица кои имаат неизмирени парични обврски спрема Ј.П.”Охридски Комуналец”, во периодот до 30.11.2009 год. можат да склучат Договор со кој истите ќе ги измират во целост или на три еднакви рати така што ќе го исплатат само главниот долг, а ќе бидат ослободени од обврската да ја платат законската затезна камата. После 30-ти ноември нема да се врши ослободување од законската затезна камата на сите оние кои имаат долг кон јавното претпријатије, информираат од „Комуналец“.

Физичките и правните лица против кои е поведена судска постапка покрај главниот долг се обврзани да ги исплатат и судските трошоци. Можноста за исплата на долгот на се однесува на  физичките и правните лица за кои е поведена постапка за извршување пред надлежните извршители, како и за физичките и правни лица кои имаат заведено судска постапка против Ј.П.”Охридски Комуналец”, појаснуваат од јавното претпријатије.

Ohridnews