Ј.П. Охридски Комуналец деновиве започна со обновување на возилата за собирање отпад. Стариот возен парк е во многу лоша состојба поради што беше неопходно негово обновување за да се ублажи состојбата, информираат од јавното претпријатие. Целта е на овој начин да се оспособат возилата за претстојната туристичка сезона кога тие работат со дополнителна ангажираност.
се обновува возниот парк на Комуналец
Половината од возилата за собирање отпад со кои располага Комуналец се обновени. Се интервенира на каросеријата, обновена е бојата и санирани се другите оштетувања. Обновувањето на преостанатите камиони се очекува да биде завршено во април, велат од Комуналец.
ohridnews