Ј.П.”Охридски Комуналец” деновиве започна со хортикултурно уредување на дворот на О.У.”Св.Климент Охридски”. Се сечат сувите гранки и дрва,  а ќе се оформат и нови зелени содржини со засадување на нови дрвца и други видови садници.


На иницијатива на Ј.П.”Охридски Комуналец” оваа година хортикултурно ќе се уреди и дворот на градинката “Росица” во населба Лескајца. Оваа тенденција на средување на училишните дворови и дворовите на градинките ќе продолжи и во иднина со цел истите да станат чиста, здрава и хортикултурно уредена средина за учење во која ќе се достигнат сите еко-стандарди.-велат од „Комуналец“.


Се разубавува дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“
Деновиве се при крај активностите кои Ј.П.”Охридски Комуналец” ги изведуваше за расчистување на речното корито на река Сушица. Речното корито се расчистуваше на критичните точки од натрупаниот отпад, шут и земја. Најкритична точка беше локацијата во близина на мостот кај фабриката “Езерка”, каде од натрупаната земја речното корито немаше никава проодност. Во расчистувањето на речното корито вклучена е механизацијата на Р.Е.”Механизација” , како и возило на Противпожарната едница.


Се уредува коритото на Сушица

OhridNews