Екипите на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денеска 8 часот и 30 минути се на терен и соодветно ги третираат локалните улици во Охрид.

На почетокот улиците се посипуваа со абразивни средства, но  како што се интензивираат врнежите, има потреба и од отстранување на снегот од улиците. Штом снежната прекривка достигне над 7 сантиметри ќе можеме да го користиме и ножот за отстранување“, вели директорот на Комуналец, Боро Павлоски.

Павлоски потсетува дека едно возило од утрото постојано е во обиколка на градските сообраќајници  и интервенира доколку некаде има проблем.

Инаку, проблематичните места каде што не може да се помине со возило на претпријатието, како на пример, тесните улички кои водат кон Горна Порта, се чистат рачно и таму е веќе 2-3 пати интервенирано.

Според директорот, Боро Павлоски, претпријатието, иако со блокирана сметка заради долг кон Министерството за финасии, прави напори, граѓаните да не го почувствуваат тоа. Сепак, вели тој, не може уште долго да се издржи со ваква ситуација.

Членовите на општинскиот совет, на последната седница дадоа зелено свето  за да му се одобри кредит на „Охридски комуналец“ со кој, претпријатието ќе се исчисти од долговите. Првите луѓе на Комуналец на 31 декември минатата година оствариле средба со  претставници од Охридска банка за одобрување кредит и очекуваат повратен одговор.

Ohridnews