– Имено јавното претпријатие со флаери ги извести жителите на село Елшани дека почнувајќи од 12.12.2009 год., секоја сабота ќе врши подигање на комуналниот отпад, а цената на извршената услуга ќе биде 150,00 ден.месечно по домаќинство. За услугата извршена во месец декември 2009 год. (половина месец), ќе ви биде пресметано во сметката за месец јануари 2010 год., така што вкупниот износ на сметката за месец 01/2010 год. ќе изнесува 225,00 ден, информираат од „Комуналец“.
Што се однесува пак до изгледот на сметките, истите содржат само корисни информации за жителите на Општина Охрид, додаваат од јавното претпријатије.