Врз основ на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2010 година, Ј.П.”Охридски Комуналец” аплицираше со сопствен проект-“Чистење на диви депонии на територијата на општина Охрид”.
Вредноста на проектот изнесува 1.007.540,00 денари, а за реализација на проектот Министерството ќе партиципира со 20% од вкупната вредност на проектот.