Во врска со објавениот напис во рубриката “Отворена” со наслов ,”Македепонија”, ЈП Охридски Комуналец информира дека посочената локација во Лагадин, каде често никнува дива депонија, претстсвува горлив еколошки проблем и дека и покрај сите напори и акции за расчистување, се повторува грдата слика.
Ја информираме јавноста дека истата локација на ден 09.04.25 (среда) Ј.П.,,Охридски Комуналец” самоинцијативно ја исчисти од отпад кој несовесни граѓани го депонирале, ослободувајќи се на овој начин од непотребна покуќнина, остатоци од градежни материјали и што уште не…
Оваа локација претставува горлив проблем зошто во повеќе наврати се интервенира и чисти, но набрзо пак сме соочени со истата глетка.
Во расчистувањето беше употребена специјална механизација, а потоа се пристапи кон рачно рамнење на локацијата, информира ЈП Охридски Комуналец.
OhridNews