Во деновите кога Охрид го живее шпицот на туристичката сезона и кога во градот на многу локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се максимално ангажирани 24 часа со сите свои технички и човечки ресурси, информира јавното претпријатие.

Покрај тековните активности околу подигувањето на сметот и одржувањето на јавната чистота и зеленило, „Комуналц“ се справува и со мега концертите во поранешната касарна и на стадионот „Билјанини Извори“.

Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ велат дека е зголемена и динамиката на подигнување на сметот од хотелските комплекси, плажите и рестораните.

Голем проблем ни создаваат групи млади луѓе кои се забавуваат на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот, притоа оставајќи ја зад себе сета своја комунална некултура. За жал прекрасниот амбиент на древниот Охрид кој плени со својата автентичност и природна убавина се уништува во глетката од расфрлени шишиња, отпадоци од храна и цигари. -велат од јавното претпријатие.

Од Ј.П. „Охридско Комуналец“ додаваат дека е крајно време да проработи еко-свеста кај младите генерации со цел да се сочуваат прекрасното Охридско Езеро и градот за идните генерации.

OhridNews