Преполни контејнери и многу ѓубре покрај нив. Ваква беше сликата денеска во многу населби од Охрид по 61-часовниот полициски час изминатиот викендот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека обемот на работа денеска значително е зголемен.

Се работи како и до сега во 2 смени, но едноставно службите не можат да постигнат, затоа што се соочивме со три пати повеќе отпад од вообичаено. Голем дел од отпадот не е комунален, но и тој се фрла во контејнерите, а исто важи и за заштитните маски и ракавици, кои, за жал често се фрлаат покрај контејнерите. –  вели директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски.

ТГрданоски истакна дека службите на јавното претпријатие интензивно работат на нормализирање на ситуацијата. Апелира до граѓаните да го почитуваат комуналниот ред и соодветно да го одлагаат отпадот, особено заштитните маски и ракавици кои  широкот се користат поради кризата со корона вирусот.

Во пресрет на Велигден дезинфицирани верските објекти

Во пресрет на велигденските празници Ј.П.„Охридски Комуналец“, во координација со локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија, изврши дезинфекцја на верските објекти на територијата на општина Охрид.

Со антибактеристико дезинфекционо средство се третираа пристапите, дворните места и внатрешниот простор од црквите: Св.Софија, Св.Богородица Перивлепта, Св. Богородица – Каменско, Св.Пантелјемон, Св.Климент Охридски (Плаошник), Св Јован Богослов-Канео, Св.Никола – Геракомија, Св.Никола (Долна Влашка Маала) и Св.Ѓорѓија, информира јавното претпријатие.

OhridNews