Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ спроведе акција за чистење на отпадот покрај магистралниот пат Охрид-Подмоље. Во акцијата во која беа ангажирани 10 комунални работници, подигната е поголема количина најразличен отпад.
Во изминатиот период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика, велат од „Охридски Комуналец“.- Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад. – посочуваат од јавното претпријатие.
Комуналците денеска повторно го чистеа истиот патен правец. –Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест. – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
OhridNews