Ј.П.„Охридски Комуналец“ заврши со расчистувањето на депонијата „Мауцкер“, која според најавите, во иднина тековно ќе се одржува.

Извршено е порамнување на 16.000 м2 градежен шут и тампонирани се 7.000 м2 со 2.500 м3 квалитетна земја. Дел од градежниот шут (5.000 м3) е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата. – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Средствата за уредување на депонијата кај Мауцкер во висина од 2 милиони денари, ги обезбеди општина Охрид преку проект кој го финансира Министерството за животна средина.

OhridNews