„Комсомолскаја правда“ ја повлече веста за бројот на загинати руски војници во Украина и тврди дека е хакирана нејзината интернет-страница.

Московскиот таблоид поврзан со Кремљ истакна дека веста е повлечена бидејќи не е точна.

Претходно, „Комсомолскаја правда“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, објави дека при инвазијата врз Украина убиени се 9.861 руски војник, а повредени се 16.153 војници.

Киев тврди дека се убиени повеќе од 15.000 руски војници. Додека според руски официјални податоци, за време на инвазијата врз Украина загинале 498 припадници на руската армија.

OhridNews