Композицијата „Игра со нас“ на охриѓанецот Димче Китрозоски се најде помеѓу 32 композиции кои комисијата во Македонската радиотелевизија ги избра за учество на фестивалот „Скопје 2009“ – Национален избор на песна за Евросонг.

Изборот ќе се одржи на 19, 20 и 21 февруари во Универзалната сала. МРТ најави дека имињата на изведувачите дополнително ќе ги соопшти.

Евросонг 2009 ќе се одржи во мај во Москва.

ohridnews