Шест натпревари се на програмата попладнево во рамки на 27 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во кое дербито се игра во Скопје меѓу Македонија ЃП и Брегалница.

Лидерот Шкупи го пречекува Борец на домашен терен, додека второпласираната Шкендија во соседското дерби е домаќин на Ренова.

ПМФЛ-27 коло: Работнички – Тиквеш (14 часот), Академија Пандев – Пелистер (16 ч), Македонија ЃП – Брегалница (16 ч), Шкендија – Ренова (16 ч), Шкупи – Борец (16 ч), Струга – Скопје (16 ч).

Табела: Шкупи 62, Шкендија 51, Македонија ЃП 49 Академија Пандев 49, Ренова 37, Брегалница 37, Работнички 34, Струга 33, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10.

OhridNews