Охридските ракометари трета година во серија се дел од плејоф мечевите, а втор пат возбудувањата ќе ги започнат со Вардар, кој годинава пред себе епитет на европски и македонски шампион.
Во втората рунда охриѓани гостуваат кај Металург во Скопје, а потоа ги пречекуваат Пролет и Еурофарм Работник во Охрид, додека првата етапа ја завршуваа со Пелистер во Битола.
Распоред:
1. коло Охрид – Вардар
2. коло Металург – Охрид
3. коло Охрид – Пролет
4. коло Охрид – Еурофарм Работник
5. коло Пелистер – Охрид
6. коло Вардар – Охрид
7. коло Охрид – Металург
8. коло Пролет – Охрид
9. коло Еурофарм Работник – Охрид
10. коло Охрид – Пелистер
OhridNews