Охридскиот кошаркарски клуб во третата сезона од своето постоење оствари голем успех обезбедувајќи пласман во Супер лигата од македонскиот кошаркарски шампионат. „Галебите“ билетот за суперлигашкото друштво го чекираа со триумфот над Карпош Соколи денеска во Скопје.

Дебитанскиот настап во Супер лигата избраниците на Петар Чочороски ќе го започнат в недела во 17 часот против Работнички кој имаше перфектен скор во Првата лига 22 победи во исто толку мечеви. Во втората рунда „галебите“ гостуваат во Куманово, а во третата ќе го пречекаат составот на Блокотехна. Составот на Гостивар ќе домаќин на АВ Охрид во четвртата рунда, а првата етапа охриѓани ќе ја завршат против МЗТ Скопје во СРЦ „Билјанини Извори“. Потоа се игра втората етапа во која се менуваат екипите домаќини.

Распоред:

1.коло: АВ Охрид – Работнички , Гостивар – Блокотехна, МЗТ Скопје – Куманово

2.коло: Работнички – Гостивар, Куманово – АВ Охрид, Блокотехна – МЗТ Скопје

3.коло: Куманово – Работнички, МЗТ Скопје – Гостивар, АВ Охрид – Блокотехна

4.коло: Блокотехна – Куманово, Работнички – МЗТ Скопје, Гостивар – АВ Охрид

5.коло: Блокотехна – Работнички, АВ Охрид – МЗТ Скопје, Куманово – Гостивар

OhridNews

„Галебите“ со триумф го потврдија учеството во Супер лигата ! (видео)