Комплетниот извршен одбор на НСДП од Охрид премина во ВМРО ДПМНЕ, тврдат од општинскиот комитет на најголемата владејачка партија.
Претходно, како што е познато, партијата на Тито Петковски ја напушти и пратеничката Мирјана Секуловска. Таа беше прв претседател на огранокот на НСДП во Охрид и член на потесното раководство на партијата.
Како што сме информирани денеска во партиските простории на ВМРО ДПМНЕ ќе се одржи прес конференција на која ќе биде официјализиран преминот на Секуловска и општинскиот извршен одбор на НСДП во ВМРО ДПМНЕ.
Инаку со одлука на централата општинската организација на НСДП е распуштена. Десетина дена потоа ВМРО ДПМНЕ објавува дека суспендираното локално раководство на НСДП преминува во нејзините редови.
Г. Момироски