На 19 мај со почеток во 21 часот пред фитнес зоната до угостителскиот објект Амброзија ќе започне ноќната трка во Охрид, која е во склоп на Атлетскиот спортски хепенинг „Охрид трчаТ“. Ноќната трката која е рекреативна и отворена за сите ќе има и забавен карактер на крајот, односно на целта на градскиото пристаниште.
Собирањето на учесниците кои ќе учествуваат на ноќната трка е закажано во 20 часот и 45 минути, а тргнување точно во 21 часот. Секој учесник на стартот ќе добие пригодно изненадување од организираторот.
После пристигнување на целта следува забава за која ќе се погрижат исклучиво охридските изведувачи. Забавата почнува со Dj Dark_M, продолжува со Dj Jana Slay, потоа следува групата Lucky Strikes и завршува со Dj Regie Rules. Водителка на Ноќната трка ќе биде Александра Алексијевска.
OhridNews