Во Битола, Пелистер стигна до првата победа во шампионатот откако го совлада Х.Турново со 3-1. За тимот на охриѓанецот Бочески ова беше втор последователен пораз.
Новакот во друштвото Металург ремизираше на Автокоманда со кически Напредок играјќи 0-0. Идентични 0-0 одиграа Силекс и Милано во Кратово.
Како гостин единствено се радуваше Ренова која минимално 1-0 во Прилеп ја совлада Победа.
Претходно во Саботата актуелниот шампион Работнички ремизираше 3-3 со Македонија ЃП, додека во ова второ коло слободен беше Вардар.