Последната 14-та рунда во групата Б го одмота клопчето и донесе конечен расплет во регуларниот дел од Супер лигата.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со триумф во Прилеп го фати последниот воз и обезбеди учество во плејофот. „Пелистерци“ завршија пред Прилеп и Тиквеш. Покрај „фармацевтите“ од групата Б во плејофот патуваат Металург и Бутел Скопје. Во групата А која заврши пред две седмици на првите три позиции финишираа Охрид, Пролет и Струга.
На овие шест екипи во разигрувањето за титулата ќе им се придружат Вардар и сениорскиот состав на Еурофарм Пелистер. Плејофот, годинава ќе биде еден од подобрите и поквалитетните последниве сезони во македонската ракометна елита и секој меч ќе биде вистински празник.
Пролетната полусезона во Супер лигата ќе продолжи на крајот од февруари или почеток на март месец.
- Учесници:
Плеј оф: Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Металург, Пролет, Бутел, Струга, Еурофарм Пелистер 2
Плеј аут: Тиквеш, Голден Арт КЛ7, Прилеп, Јуниор Кисела Вода, Младост Богданци, Астраион Струмица Радовиш, Работнички.
OhridNews