Франција, Хрватска, Данска и Норвешка се четирите селекции, кои во полуфиналето ќе се борат за пласман во големото финале на Европското првенство во женска конкуренција, кое се одржува во Данска.
Најпријатно изненадување во топ 4 е Хрватска, која успеа да заврши на втората позиција на табелата во главната рунда, додека како фаворит се издвојува Норвешка која реди само победи. Франција која долги години е во самиот врв никако не смее да се отпише, а домаќинот Данска полека ја крева формата и сигурно во завршната фаза ќе го достигне максимумот.
Полуфиналните пресметки закажани се за 18 декември, додека малото финале и финалето ќе се одиграат на 20 декември.
Двојки 1/2 финале:
18 декември: Франција – Хрватска (18ч)
18 декември: Данска – Норвешка (20:30ч)
OhridNews