Екипите на Сатеска и Инекс Олгица се пласираа во полуфиналето на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта.

Сатеска во четвртфиналето вечерва ја совлада екипата на Бел Мерцедес со 3:1. Екипата на Инекс Олгица,  пак, во четвртфиналето беше поуспешна од Ресторан Станица Викса Пром со 3:0.

Полуфиналните средби на 49 издание на турнирот  “Петровден 2024” Мешеишта, ќе се одиграат утре вечер.

1/2финални натпреври, среда 10.07.2024

21:00 Асп Пак – Инекс Олгица
22:00 Сатеска – Кафе бар 9

Финалето на турнирот традиционално ќе се одигра на празникот Петровден на 12 јули.

Г.М.