Екипите на Куманово и Кожув ја сочинуваат втората полуфинална двојка во кошаркарскиот Куп на Македонија откако триумфираа во 1/4 финалните натпревари над Лирија (103-89) односно Вардар (80-67).

Полуфиналните натпревари се играат денеска, а први ќе се сретнат фаворитите за освојување на пехарот МЗТ Скопје – Фени Индустри. Вторниот патник во големото финале ќе биде победникот од дуелот Куманово – Кожув.

Мечевите од 1/2 финалето во Купот на Македонија се играат во 18 односно 20:45 часот.

Мх.П.