Селекциите на Норвешка, Шпанија, Русија и Холандија ќе бидат дел од завршницата на Светското првенство во ракомет во женска конкуренција кое се одржува во Јапонија.

Четири селекции завршија на првите две места во двете групи и обезбедија пласман во полуфиналето од ракометниот Мундијал.

Во полуфиналните пресметки силите ќе ги одмерат Норвешка – Шпанија односно Русија – Холандија. Средбите се играат во петок во 9:30 односно 12:30 часот.

Како најава за полуфиналните средби ќе бидат дуелите за петтата и седмата позиција на табелата. Во средбата за петтата позиција ќе се сретнат Србија – Црна Гора, додека во пресметката за седмата позиција ќе се судрат Германија – Шведска.

Двојки:

Норвешка – Шпанија (09:30ч)

Русија – Холандија (12:30ч)

OhridNews