Екипите на АСП Пак и Замок Александар им се придружија на Мистер И и Шила и ги комплетираа учесниците во полуфиналето на јубилејниот 15-ти турнир во мал фудбал „Велгошти 2018“.
Билетот за ТОП 4, АСП Пак го чекираше со триумф над Јуниор (2-1), додека Замок Александар со 3-2 славеше над Сатеска Волино.
Полуфиналните пресметки на програмата се в недела со почеток во 21 часот.
Двојки:
Мистер И – Шила
АСП Пак – Замок Александар
OhridNews