Екипите на АСП Пак, Златара Ерол, Еуро Стил и Дооел Ноче се полуфиналисти на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“. АСП Пак во четвртфиналето ја совлада Мешеишта со 3-0, Дооел Ноче подобар беше од Такси Мече 3-2, додека Еуро Стил и Златара Ерол на пенали славеа против Хотел Престол (2-1) односно Искра (2-1).
Вечерва, на програмата се полуфиналните натпревари а финалето е закажано за в среда на големиот христијански празник „Успение на пресвета Богодорица“.
Резултати 1/4 финале:
АСП Пак – Мешеишта 3-0
Такси Мече – Дооел Ноче 2-3
Хотел Престол – Еуро Стил 3-3 (1-2 пенали)
Златара Ерол – Искра 4-4 (2-1 пенали)
Двојки 1/2 финале:
21ч АСП Пак – Искра
22ч Еуро Стил – Дооел Ноче
OhridNews