Екипите на Мистер И и Кадмо ги комплетираа учесниците во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“.


„Црните“ во полуфиналето со 2-0 го совладаа тимот на Сливница Ресен додека Кадмо со убедливи 4-0 славеше против составот на Бел Мерцедес.

Претходно пласман во полуфиналето обезбедија Спаски Пердул и Асп Пак кои во четвртфинале славеа над Дооел Ноче односвно Ви Бајк.

Полуфиналните натпревари на програмата се среда (5 август) со почеток во 21 и 22 часот, а ќе се сретнат Спаски Пердул – Мистер И односно Асп Пак – Кадмо.

Мх.П.