Меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2017“ ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот АСП Пак претрпе пораз од екипата на Др. Баткоски со 3-2 во четвртфиналето. Полуфиналистите на турнирот ги комплетираше составот на Мистер И кој по изведување на пеналите славеше против Фаланга 3-2 (2-2). Претходно меѓу најдобрите четири пласман обезбедија Ајдиноски Инженеринг и Жито Леб. Денеска е слободен ден, а полуфиналните натпревари на програмата се в понеделник.

Резултати:

АСП Пак – Др. Баткоски 2-3

Фаланга – Мистер 2-2 (2-3 пенали)

1/2 финале:

20:30ч Ајдиноски Инженеринг – Мистер И

21:30ч Др. Баткоски – Жито Леб

OhridNews