Познати се четирите екипи кои во полуфиналето ќе се борат за влез во големото финале на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“.
На екипите на Кадмо и Виска Пром во полуфиналето им се придружија Леонардо Пица и АСП Пак.
Леонардо Пица во четвртфиналето по изведување на пеналите 7-6 (3-3) успеа да ја елиминира Враништа додека АСП Пак со 5-2 го совлада Вис Пој.
Во полуфиналните натпревари кои на програмата се во вторник ќе се сретнат Леонардо Пица – Кадмо односно Виска Пром – АСП Пак.
Резултати :
Леонардо Пица – Јован 2014 (Враништа) 3-3 (7-6 пенали)
АСП Пак – Вис Пој 5-2
Ohridnews