Екипата на Вардар ги комплетираше осумте учесници во Лимак Купот на Македонија кој ќе се одржи од 17 до 19 февруари во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Скопските „црвено црни“ во последниот меч од квалификациите за пласман во ТОП 8 го совладаа второлигашот Гостивар (74-69) и обезбедија место во разигрувањето.

Меѓу осумте екипи учесници на завршницата од Лимак Купот на Македонија ќе биде и кошаркарскиот клуб АВ Охрид кој ќе дебитира во некогаш најмасовното натпреварување во земјата.


Ждребката за двојките во осминафиналето ќе се одржи во петок. „Галебите“ со Вардар, Куманово и Кожув се во вториот шешир, додека во првиот се Фени Индустри, Работнички, МЗТ Скопје и Карпош Соколи.

OhridNews