Ликвид благодарение на головите на Едмонд Оџа со тениски 6-2 го победи Телеком. Ѓорески ги донесе “поштарите“ во предност. На неговиот гол возврати Оџа со хет трик. Во вториот дел мрежата на Телеком ја погодија Рамиз, Исмаили и Димоски, додека за Телеком погоди Јаневски.
– Влеговме опуштено во мечот што можеше скапо да не чини. Казната стигна веднаш, а по нашето консолидирање успеавме да обезбедиме сигурна победа – рече стрелецот на последниот гол Димоски.
Артим Шакири уште еднаш ја предводеше екипата на Десарет до нова победа. Поранешниот македонски репрезентативец кој е и најдобар стрелец на турнирот, дури четири пати ја погоди мрежата на Џале Турс. За петарда во мрежата на “пештанци“ се погрижи Асани.
– Од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро. Добро за нас беше тоа што киксот со Вис Пој ни се случи во натперварите по групи а не во елиминациската фаза – истакна Шаќири.
Благодарение на тимската игра предводена од Никола Стојкоски екипата на Бел Мерцедес се пласираше во четврт финалето. По нереализираниот пенал на Целакоски, Стојкоски беше нимолсрден кон Еспана. Еднаш погоди во првиот, додека два пати погоди во вториот дел.
– Добар натпревар кој успеавме да го решиме во наша корист. Не очекува дуел со Вис Пој, подобриот нека победи – рече стрелецот на хет трикот Стојкоски .
Резултати:
Старци Алпласт – Бекче 0-3
Телеком – Ликвид 2-6
Десарет – Џале Турс 5-0
Бел Мерцедес – Еспана 3-0
Претходно пласман понатаму обезбедија Скопско, Спарадајз, Вис Пој и Фаворит.