Екипите на Башкими и
Силекс го зачуваа прволигашкиот
статус, откако на бараж мечевите беа поуспешни од второлигашите Миравци односно
Беласица. Нa Градски во Скопје, Силекс ја совлада Беласица со 2-0, додека во
Битола Башкими со 4-1 го победи Миравци.

По одиграните бараж средби за пополнување
на втората македонска фудбалска лига познати се имињата на екипите кои наредната сезона ќе се натпреваруваат
во Втората МФЛ која ќе бори 16 екипи.

Локомотива беше поуспешна од
Осогово
по подобро изведување на пенали откако во  регуларниот дел од
натпреварот беше 2:2. Новаци го
совлада
Лепенец со 2:1. На последната пресметка одиграна во Прилеп, Кожув го совлада Љуботен
со 3:1.

ohridnews