Комплетирани се екипите учесници во Првата кошаркарска лига, откако битолски Пелистер ја прифати понуда од Македонската кошаркарска федерација (МКФ).


„Зелено белите“ минатата сезона ја завршија на четвртото место во Втората лига, но работењето со млади играчи беше препорака за понуда на МКФ.

Меѓу учесниците во Првата лига во сезоната која доаѓа ќе биде и кошаркарскиот клуб АВ Охрид од Охрид.

„Галебите“ во кошаркарската елита „слетаа“ по само една мината сезона во Втората лига победувајќи на 17 од 18 натпревари кои ги одиграа.

OhridNews