Екипите на Пелистер, Шкендија и Вардар им се придружија на Победа, Шкупи, Силекс, Брегалница и Металург во 1/4 финалето од Купот на Македонија.
Битолските „зелено бели“ со голот постигна во гости успеаја да ја елиминираат Ренова која залудно победи 3-1, откако првиот меч заврши 2-0.
Шкендија со реми без голови на домашен терен против Работнички ја одбрани предноста (2-0) стекната на првиот натпревар.
Вардар со уште еден триумф над Влазрими го завери пласманот меѓу најдобрите осум. Во реваншот „црвено црните“ подобри беа со 2-0, а во првиот меч славеа со 3-1.
Резултати: Ренова – Пелистер 3-1 (0-2), Шкендија – Работнички 0-0 (2-0), Вардар – Влазрими 2-0 (3-1).
OhridNews