Со синоќешните последни два натпревари од осминафиналето се комплетираа најдобрите осум екипи на турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“. Последни патници во четвртфинална фаза се Хотел Интернационал кој славеше со 5-1 против Мате Маркет и Еуро Стил кој со 2-0 беше подобар од Гостилница Боем.
Четвртфиналните пресметки стартуваат вечерва во 21 часот а силите ќе ги одмерат Фаланга Волино – Ноче односно АСП Пак – Еуро Стил. Утре на програмата се средбите Типлери – Хотел Интернационал односно Сатеска – Др. Баткоски.
Резултати:
Хотел Интернационал – Мате Маркет 5-1
Еуро Стил – Гостилница Боем 2-0
Двојки 1/4 финале:
Понеделник
21ч Фаланга Волино – Ноче
22ч АСП Пак – Еуро Стил
Вторник
21ч Типлери – Хотел Интернационал
22ч Сатеска – Др Баткоски
OhridNews