Со синоќешните два натпревари од осминафиналето се комплетираа учесниците во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“. Последни патници во ТОП 8 се екипите Галакси и Сатеска кои славеа против Коктел Бар Карузо 4-2 односно Санитарија Грини 4-3 после изведувањето на пеналите.
Четвртфиналните пресметки започнуваат во четврток а ќе завршат во сабота. Денеска (среда) и петок се слободни денови.
Двојки 1/4 финале:
Четврток
21:00ч Маркет Мате – Галакси
22:00ч Хотел Престол – Такси Мече
Сабота:
21:00ч Ескобар – Сатеска Волино
22:00ч Антика Трејд – Асп Пак
OhridNews