По одигрување на преостанатите четири осминафинални натпревари се комплетираа осумте екипи во четвртфиналето на првиот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“.

Пласман меѓу најдобрите осум обезбедија екипите на АСП Пак, Спортски центар Климент Колески, Мистер И и Електро Промет и им се придружија на Жито Леб, Црна Река, Бел Мерцедес и Фондација „Климент Колески“кои претходно обезбедија четвртфинална виза.

Сите четвртфиналните натпревари се играат в понеделник по следниот распоред.

Двојки :

20ч АСП Пак – Електро Промет

21ч С.Ц. Климент Колески – Жито Леб

22ч Црна Река – Мистер И

23ч Бел Мерцедес – Фондација „Климент Колески“

Мх.П.