Познати се осумте екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето од меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“.


На Леонардо Пица, Вис Пој, Кадмо и АСП Пак во четвртфиналето им се придружија Сатеска, Бел Мерцедес, Викса Пром и Враништа.

Бел Мерцедес и Враништа пласман понатаму обезбедија пласман преку изведување на пеналите победувајќи ги Мешишта односно Мистер И.

Ефикасен меч со девет погодоци одиграа Климент Колески и Сатеска, а на победата на крајот се радуваше „гостинот“ со 5-4. Нешто помирен натпревар одиграа Викса Пром – Болетус 92, кој заврши со триумф на „белите“ 3-1.


Резултати :

Мешеишта – Бел Мерцедес 2-2 (3-4 пенали)

Климент Колески – Сатеска 4-5

Болетус 92 – Викса Пром 1-3

Мистер И – Јован 2014 (Враништа) 2-2 (3-4 пенали).

Во петок нема натпревари на програмата, а четвртфиналните пресметки ќе се одиграат во сабота и недела.

Ohridnews