Екипите на Александар Лачоски Фудбал, Викса Пром, АСП Пак и Фаланга Волино ги комплетираа најдобрите осум на меморијалниот турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“.
Александар Лачоски Фудбал во осминафиналето со 2-1 славеше над Жито Леб, Викса Пром со 6-0 го „збриша“ составот на Црна Река, АСП Пак во меч со 14 погодоци (9-5) победи над Електро Промет, додека Фаланга Волино после изведувањето на пеналите 3-1 (0-0) го елиминираше тимот на Агнеса.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија Мешеишта, Сатеска Волино, Мистер И и Доктор Баткоски. Четвртфиналните пресметки закажани се за понеделник и денеска е слободен ден на турнирот.
Резултати:
Александар Лачоски Фудбал – Жито Леб 2-1
Црна Река – Викса Пром 0-6
АСП Пак – Електро Промет 9-5
Агнеса – Фаланга Волино 0-0 (1-3)
Двојки 1/4:
20ч Александар Лачоски Фудбал – Мешеишта
21ч АСП Пак – Викса Пром
22ч Мистер И – Сатеска
23ч Др. Баткоски – Фаланга Волино
OhridNews